
Англискиот репрезентативец Оли Воткинс го напушта тимот на Астон Вила.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Најновите информации од фудбалскиот свет покажуваат дека Фенербахче направи значителен чекор напред во трансферот на Оли Воткинс.
Жолто-сините постигнаа договор со англиската ѕвезда од Астон Вила, а управата на клубот сега работи на финализирање на преговорите со англискиот клуб за отштетата.
Во турскиот тим, кој прв чекор го направи со ангажирање на Ведат Муриќи, одиграa уште еден важен потег во потрагата по нов напаѓач.
Во меѓувреме, поради повредата на Ведат, “Канаринците” сакаат да донесат нов играч, што ги забрза контактите околу овој трансфер.
Беше откриено дека раководството на Фенер го постигна договорот со 30-годишниoт искусен напаѓач за тригодишен договор.
Според наведениот договор, Воткинс во Фенербахче ќе заработува девет милиони евра годишно, а се претпоставува дека искусниот напаѓач ги прифатил сите услови кои ги понудил клубот од Истанбул.
Сите погледи сега се насочени кон преговорите со англискиот клуб за отштетата која ја бара Астон Вила за Оли Воткинс.