
Кристијано Роналдо тешко го поднесе елиминирањето на Португалија од Светското првенство. Португалците беа поразени од Шпанија во осмина-финалето со резултат 1:0, а по последниот судиски свиреж, легендарниот капитен не можеше да ги сокрие емоциите.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иако претходно најави дека ова му е последното учество на Светското првенство, Роналдо по натпреварот не сакаше да потврди дали целосно ќе се повлече од репрезентацијата.
„Ќе имам време да размислам со моето семејство. Сега не сакам да донесувам избрзани одлуки ниту да оттргнувам внимание од сето она што тимот го направи на овој турнир.”
Португалецот истакна дека заминува разочаран, но истовремено горд на она што го прикажал.
Роналдо смета дека освојувањето на Европското првенство во 2016 година е со исто значење како и титулата светски првак.
„Европското првенство е најголемиот трофеј во историјата на нашата репрезентација. Искрено, за мене тоа вреди исто како и Светското првенство“, кажа тој.