Дома Фудбал Тухел збесна, па ја исмеваше ФИФА: Можеби Кејн треба да му се јави на Трамп

Тухел збесна, па ја исмеваше ФИФА: Можеби Кејн треба да му се јави на Трамп

Селекторот на Англија, Томас Тухел, не го криеше задоволството по драматичната победа на неговата репрезентација против Мексико (3:2) и пласманот во четвртфиналето на Светското првенство, но веднаш по натпреварот отвори нова расправа за критериумите на ФИФА и примената на ВАР технологијата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Англија славеше на култниот „Азтека“ стадион, и покрај тоа што поголемиот дел од второто полувреме играше со играч помалку по исклучувањето на Џарел Кванса. Токму тој црвен картон беше повод Тухел остро да ја критикува недоследноста на дисциплинските одлуки.

Причината за неговата реакција беше одлуката на ФИФА да ја укине суспензијата на американскиот репрезентативец Фоларин Балогун, кој сепак ќе може да настапи против Белгија откако неговата казна беше поништена по жалбата на американската федерација.

Одлуката предизвика многу полемики, особено по информациите дека целиот случај доби и политичка димензија, вклучувајќи разговор посредство на американскиот претседател Доналд Трамп со претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

„Да бидам јасен, тоа не беше директен црвен картон. ВАР вмеша рака и одлуката беше донесена. Кој сега може да ја поништи таа одлука, кога и врз основа на што? Тоа ми е навистина чудно. Сакаме доследност.”

На крајот порача дека Англија ќе ја разгледа можноста за жалба на црвениот картон на Кванса.

„Ќе се жалиме ли на црвениот картон на Кванса? Треба да се разгледа.”

Во својот препознатлив стил, Тухел целата ситуација ја заклучи со доза на иронија.

„Можеби Хари Кејн треба да му се јави на претседателот Трамп.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ова е приказната како Трамп го поништи црвениот картон на американскиот фудбалер

Само неколку дена по исклучувањето во натпреварот против Босна и Херцеговина, американскио…