Дома Фудбал Тер Штеген замина, но сè уште е голем проблем за Барса

Тер Штеген замина, но сè уште е голем проблем за Барса

Марко Андре Тер Штеген замина на нова позајмица, откако неуспешната во Жирона, сега замина во Ајакс, но по навистина необичен договор.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според сознанија на каталонските медиуми, Тер Штеген нема да има фиксна плата, туку во согласност со времето поминато на теренот. Доколку Германецот биде здрав и физички подготвен, и ако биде редовен стартер, Ајакс ќе покрие нешто над 3.000.000 евра за неговите примања за едногодишната позајмица.

Тер Штеген сè уште има една од најголемите плати во Барселона, околу 15.000.000 евра, и неговите примања се огромен товар за касата, и како што изгледа ќе продолжи да биде, и покрај заминувањето во Ајакс.

Тер Штеген последниве години има бројни проблеми со повредите, поради кои сосема падна во втор план и во Барселона, а и во репрезентацијата на Германија.

Тој одби да замине од Барселона токму поради огромната плата, која како што изгледа сака да продолжи да ја прима дури и кога не е таму. Ајакс ќе покрие само дел, Барселона мнозинството, но се надева дека барем ќе биде здрав и способен да брани, за да Ајакс покрие најмалку 3.000.000 евра, што е само 20% од вкупните годишни примања.

Германецот има договор со Барселона до летото 2028 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Англичаните непријатно изненадени: Еве што доживеаја пред натпреварот со Мексико на Светското првенство

Фудбалерите на Англија и Мексико ќе играат во понеделник во два часот по средноевропско вр…