Дома Фудбал Салах пресреќен: Испишавме историја на СП

Салах пресреќен: Испишавме историја на СП

Египетскиот фудбалер Мохамед Салах изјави дека неговиот тим напишал историја со првата победа во нокаут фазата на светските првенства, откако по изведувањето на пенали беше подобар од Австралија, во натпреварот од шеснаесетфиналето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Ова е историја. Им кажав на момците пред натпреварот: ‘Ова е најголемиот натпревар што можете да го играте во животот, затоа уживајте, не дозволувајте притисокот да ве победи и уживајте во моментот'”, рече Салах за сајтот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).

Фудбалската репрезентација на Египет се пласира во петокот вечерта во осминафиналето, откако во Тексас, по пенали, ја победи Австралија со 4:2, откако по регуларниот дел и продолженијата беше нерешено 1:1.

Ова е прва победа на Египет во нокаут фазата во четвртото учество на светските првенства.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона се пофали со капитенот на Шпанија

т Барселона официјално го објави најголемиот трансферен удар за ова лето, а тоа е привлеку…