Дома Фудбал Арсенал останува без капитенот: Мартин Одегард има нов клуб?

Арсенал останува без капитенот: Мартин Одегард има нов клуб?

Мартин Одегард наводно по нешто повеќе од пет години го напушта Арсенал. Норвежанецот ги договори сите услови со турскиот првак Галатасарај.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Првакот на Англија, Арсенал, остана без капитен. Според сè што е познато, Норвежанецот Мартин Одегард ќе ја продолжи кариерата во редовите на турскиот шампион Галатасарај.

Според информациите кои доаѓаат од Истанбул, 27-годишниот играч за врска се согласил на понудата на Галата. Неговиот менаџер веќе се ракувал со претставниците на турскиот клуб и наскоро сè ќе биде официјално потврдено.

Арсенал и Галатасарај сега се во преговори за начинот на трансферот. Топчиите бараат 40 милиони евра и на маса се неколку идеи за структурата на плаќање за овој трансфер.

Турците се надеваат дека договорот ќе биде склучен за нешто помалку од 40 милиони евра или Арсенал ќе се сложи да го прифати плаќањето на рати. Наскоро сè ќе биде познато.

27-годишникот дојде во Лондон во зима 2021 година од Реал Мадрид. Беше откупен за 35 милиони евра шест месеци подоцна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан не сака да го пушти Модиќ: Аморим му го претстави планот за игра и списокот на играчи за новата сезона

Газдата на Милан Џери Кардинале сака Лука Модриќ и следната сезона да биде лице на неговио…