Дома Фудбал Џо Кол за поништениот гол на Хрватска: Една од најлошите одлуки во историјата на СП!

Џо Кол за поништениот гол на Хрватска: Една од најлошите одлуки во историјата на СП!

Поранешниот англиски репрезентативец Џо Кол остро ја критикуваше одлуката со која беше поништен голот за изедначување на Хрватска на 2:2 во драматичниот финиш на натпреварот против Португалија во осминафиналето на Светското првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


“Мислам дека ова е една од најлошите одлуки на Светските првенства досега”, изјави Кол во емисијата The Rest Is Football, која ја емитува Netflix UK.

Неговата критика се однесува на осминафиналето во Торонто, каде што Португалија ја совлада Хрватска со 2:1. Во 103. минута, Јошко Гвардиол ја испрати топката во мрежата за изедначување и голема радост кај хрватските играчи и навивачи, но по проверката на ВАР, голот беше поништен поради офсајд..

Иако на почетокот се чинеше дека ја промашил топката, вградената технологија во топката забележала контакт на Матановиќ, по што Марио Пашалиќ, кој ја прими топката, беше во офсајд позиција. Одлуката предизвика многу дискусии. Хрватска водеше со голот на Иван Перишиќ, но Кристиано Роналдо израмни од пенал, додека Гонсало Рамош го постигна победничкиот гол во судиската надокнада.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Далиќ најави заминување и порача: Малите двапати направија чудо, сега не смееја

По цели девет години, Златко Далиќ се повлекува од позицијата селектор на Хрватска. Јавно …