
Неочекувана ситуација ги пречека репрезентативците на Египет при пристигнувањето во Далас, каде што ќе играат натпревар од осминафиналето на Светското првенство против Австралија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
По пристигнувањето во хотелот, делегацијата на Египет прво започнала со вербален, а потоа и со физички судир со полицијата и обезбедувањето кое го имало во хотелот во тој момент. Многу брзо се ескалирало, претходено од вербалниот конфликт меѓу директорот на тимот, Ибрахим Хасан, и еден член на обезбедувањето.
Во еден момент „летаа“ и тупаници, но сепак, на среќа, сè брзо се смири. Делегацијата на Египет беше многу лутина, а сè уште не е позната точната причина за конфликтот. Да потсетиме, египетската репрезентација вечерва во 20.00 часот ќе игра натпревар од осминафиналето на Светското првенство, а противник ќе им биде репрезентацијата на Австралија.
Тимот на Египет и полицијата во Далас влегоа во конфликт. pic.twitter.com/g0fpQqNv6o— World Cup HQ (@WorldCup26HQ) 3 јули 2026