Дома Фудбал Лампард ја доби наградата за успехот со Ковентри!

Лампард ја доби наградата за успехот со Ковентри!

Тренерот на фудбалерите на Ковентри, Френк Лампард (48), потпиша нов договор, со кој се врзува со клубот до 2029 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Англичанецот минатата сезона го водеше Ковентри до титулата во Чемпионшипот, што му обезбеди место во Премиер лигата.

Неговиот претходен договор требаше да истече на крајот од следната сезона, а интерес за Лампард ова лето покажаа и други клубови, вклучително и Фулам.

Поранешниот играч на Челзи и репрезентацијата на Англија сега се обврза долгорочно со Ковентри, додека тимот се подготвува за враќање во највисокото ниво на натпреварување по првпат по 25 години.

Ковентри ја отвора новата сезона со натпревар против шампионот Арсенал на 21 август.

“Би сакал да им се заблагодарам на сите во фудбалскиот клуб. Посебно на навивачите за начинот на кој го поддржаа тимот, мене и мојот стручен тим, овозможувајќи ни да стигнеме тука каде што сме денес. Минатата година создадовме неверојатен дух и заедништво, што беше задоволство да се биде дел од тоа, а сега сакаме да го продолжиме”, рече Лампард, се вели во соопштението на клубот соопштено доцна синоќа.

Лампард го замени на тренерското место Марк Робинс во ноември 2024 година, кога Ковентри беше на 17-то место во Чемпионшипот, само 2 бода над зоната за испаѓање.

Ковентри таа сезона оствари победа во 16 од останатите 29 натпревари, завршувајќи на петтото место кое му донесе пласман во плеј-офот. Во полуфинале беа поразени од Сандерленд со вкупен резултат 3:2.

Лампард ги однесе следната сезона до титулата во Чемпионшипот со 28 остварени победи, што е рекорд на клубот за најмногу победи во една сезона, и така стави крај на долгите 25 години чекање за враќање во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хорор тврдења ја потресоа планетата: Мафијаши им се заканувале на фудбалери на СП!?

Со пораз од Мексико со резултат од 2:0, репрезентацијата на Еквадор го заврши своето учест…