Дома Фудбал Барселона подготвува спектакуларно засилување кое би ги воодушевило навивачите!

Барселона подготвува спектакуларно засилување кое би ги воодушевило навивачите!

Барселона оствари контакти со претставниците на Хари Кејн за да ја испита опцијата за потпис со капитенот на англискиот национален тим и најдобриот стрелец во историјата на Англија.

Кејн моментално е фокусиран на настапите на Светското првенство за Англија, а потоа ќе го разгледа својот престој во Бајерн. Тој изјави дека по завршувањето на Мондијалот ќе преговара за нов договор со минхенскиот клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барселона има намера да го искористи ова. Според Daily Mail Sport, откако претходно покажаа интерес, каталонците решија да воспостават контакт со претставниците на Кејн по завршувањето на неговото учество на Светското првенство.

Напаѓачот на Бајерн Минхен (32) има уште една година од договорот, а Барселона бара начини за финансирање на овој амбициозен трансфер.

Кејн е многу задоволен во Баерн, а шампионите на Бундеслигата би се спротивставиле на секој обид за заминување на нивната најголема ѕвезда. Сепак, желбата на фудбалерот би можела да преовлада доколку Барселона ја понуди соодветната понуда.

Според истите извештаи од Англија, претставниците на Кејн одбиле да разговараат со управата на Барселона сè додека не заврши Светското првенство.

Барселона е во потрага по напаѓач по заминувањето на Роберт Левандовски, а подобра замена од Кејн не постои. Оваа сезона тој постигна извонредни 70 голови во сите натпреварувања, со што ја надмина најдобрата сезона во кариерата на Кристијано Роналдо, но и втората најдобра сезона на Лионел Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бранеше за Барселона, премина во црвено-белите и испадна во втората лига, а сега е близу до потпис за гигант!

Германскиот голман Марк-Андре тер Штеген се наоѓа пред ново поглавје во кариерата, затоа ш…