Дома Фудбал Шок во Сплит: Хајдук го избрка својот капитен од припремите затоа што не сакал да трча!

Шок во Сплит: Хајдук го избрка својот капитен од припремите затоа што не сакал да трча!

Подготовките на Хајдук во словенечкиот Блед беа потресени од огромен скандал. Капитенот и главната ѕвезда на сплитскиот клуб, Марко Ливаја, беше оддалечен од тимот поради нарушување на дисциплинскиот правилник на клубот и ќе се врати во Сплит порано од првично планираното.

Според информациите на 24sata.hr, инцидентот се случил откако играчите, поради задоцнување на тим-билдинг активност останаа половина час повеќе од планираното, што им донесе санкција во вид на трчање од страна на тренерскиот тим.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сите фудбалери ја прифатија казната освен Ливаја, кој одби да ја исполни. Се вели дека токму овој потег дополнително ги влошил веќе напрегнатите односи меѓу новиот тренер Гонзало Гарсија и искусниот напаѓач.

Хајдук веднаш излезе со официјално соопштение, потврдувајќи дека Ливаја ги напушта подготовките.

“Марко Ливаја ќе ги напушти подготовките во Блед порано од планираното и се враќа во Сплит. Оваа одлука е донесена поради нарушување на дисциплинскиот правилник на клубот и непочитување на правилата одредени од страна на Клубот за време на подготовките”, се вели на официјалната страна на Хајдук и додава:

“Марко е незаменливо важен за клубот, навивачите и сите кои сакаат и живеат за Хајдук. Оваа одлука е донесена со единствената цел, Хајдук да биде на прво место. Секогаш и за секогаш. За понатамошните одлуки јавноста ќе биде информирана”, истакнаа од Хајдук.

За сега не е познато каква дисциплинска казна ќе добие Ливаја ниту каква ќе биде неговата иднина во клубот, но јасно е дека конечната одлука ќе ја донесе управувачките органи на клубот по неговото враќање во Сплит.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еквадор го промени капитенот среде Мундијалот

Енер Валенсија повеќе нема да биде првиот капитен на Еквадор во продолжението на Мундијало…