Дома Фудбал Вардар ремизираше со Ла Фиорита на подготовките во Италија

Вардар ремизираше со Ла Фиорита на подготовките во Италија

Македонскиот шампион Вардар одигра 1:1 против Санмаринскиот тим Ла Фиорита во пријателски натпревар што се одигра во Норчија, Италија, каде што „црвено-црните“ ги реализираат подготовките за новата сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На стадионот „Даниеле Гранди“, избраниците на тренерот на Вардар поведоа со погодокот на репрезентативецот на Луксембург, Г. Родригез, кој ја искористи асистенцијата од Д. Данев. До крајот на средбата Ла Фиорита успеа да израмни, па мечот заврши без победник.

Вардар натпреварот го започна со составот: Талевски, Дурански, Куестас, Мишковски, Маневски, Мурџевски, Босанчиќ, Бабунски, Тодоровски, Родригез и Данев.

Следната проверка за скопскиот состав е закажана за 30 јуни, кога ќе се соочи со Виртус.

Подготовките се насочени кон првиот европски предизвик, бидејќи на 7 јули Вардар во Скопје ќе го одигра првиот натпревар од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите против финскиот КуПС.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок: Капитенот на хит репрезентацијата на Мундијалот обвинет за силување!

Додека Зеленортските Острови ја слават нивната историска шанса за влез во втората фаза на …