Дома Фудбал Останато Усик го шокираше светот на боксот: Останува без сите појаси, но кариерата не е завршена!

Усик го шокираше светот на боксот: Останува без сите појаси, но кариерата не е завршена!

Непоразениот Украинец објави дека се откажува од WBA, WBC и IBF титулите и најави уште една, последна борба во кариерата.

Еден од најдобрите боксери денес, Александар Усик донесе одлука која го изненади светот на боксот.

Непоразениот Украинец соопшти дека се откажува од своите WBA, WBC и IBF појаси во тешка категорија, но истовремено нагласи дека сè уште не ја завршува професионалната кариера.

Усик се обрати преку социјалните мрежи, каде соопшти дека дошло време да им даде шанса на другите боксери да се борат за светските титули.

“Денес е убав ден да кажам дека сакам да се откажам од сите појаси што ги држам во овој момент. Сакам да ги направам достапни за момците што сакаат да ги освојат и што се следни во редот,” рече 39-годишниот Украинец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Македонска спортистка во Таранто отпатува со 11 месечно бебе и денес ќе се бори за медал!

Македонската борачка Вероника Консевиќ денес од 19:30 часот ќе има можност да стигне до ме…