Дома Фудбал Необчна ситуацијана СП: За прв пат домаќинот ќе игра во нокаут фазата надвор од своите граници

Необчна ситуацијана СП: За прв пат домаќинот ќе игра во нокаут фазата надвор од своите граници

Репрезентацијата на Канада првпат во историјата се квалификуваше за нокаут фазата на Светското првенство, но истовремено стана и првиот домаќин на Мундијалот кој елиминациониот натпревар ќе го игра надвор од границите на својата земја.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Поразот од Швајцарија 1:2 ја испрати Канада во Лос Анџелес, каде што во осмина финалето ќе игра против Јужна Африка, во недела од 21 часот.

Победата или ремито против Швајцарија ќе им овозможе на Канаѓаните да останат во Ванкувер и нокаут фазата да ја играат пред својата публика.

За разлика од Канада, другите два домаќини на Мундијалот, Соединети Американски Држави и Мексико, го освоија првото место во своите групи и ќе го продолжат натпреварувањето во своите земји.

Селекторот на Канада Џеси Марш се обиде да најде позитивна страна на преселбата во Соединетите Американски Држави.

Можеби ќе ни користи што ќе се оддалечиме од дел од притисокот и големото внимание кое го следи домаќинството, иако навистина уживавме во поддршката на нашите фанови“, рече Марш.

Тој истакна дека фокусот на стручниот штаб пред првиот елиминационен натпревар ќе биде на опоравување на играчите.

Тренинзите нема да бидат премногу интензивни. Приоритет се опоравување, рехабилитација и обновување на енергијата за најголемиот натпревар кој овој тим досега го играл“, додаде Марш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Иран се закани дека ќе го напушти Светското првенство!

Натпреварот помеѓу Иран и Египет на Светското првенство привлече големо внимание и пред пр…