
Рано наутро во недела би можеле да бидеме сведоци на нов спортски скандал на Светското првенство.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, се очекува да се одигра натпревар што никој не го посакува. Ова ќе биде последниот меч од групната фаза на Светското првенство, при што математиката е повеќе од јасна.
Станува збор за дуелот помеѓу Алжир и Австрија, каде што поразениот би можел да помине подобро во нокаут-фазата на Светското првенство.
Замислете, победникот од средбата меѓу Алжир и Австрија во осминафиналето ќе игра против Шпанија, додека тимот кој ќе заврши на третото место ќе се соочи со селекција меѓу Иран или Белгија.
Токму ова предизвикува можност двата тима да одиграат натпревар во кој никој не сака да победи. Алжир со победа би се пласирал на второ место, додека пораз или нерешен исход би означило дека ќе заврши на третата позиција.
Ќе остане да видиме дали ќе се повтори скандалот од 1982 година, кога Западна Германија ја победи Австрија со 1:0 и екипите само си додаваа до крајот на натпреварот. Така, оваа средба ќе биде во фокусот на јавноста, а резултатот ќе го дознаеме рано наутро во недела.