Дома Фудбал Бројките велат, Нејмар е и тоа како важен за Бразил!

Бројките велат, Нејмар е и тоа како важен за Бразил!

По подолго време, Нејмар се врати на теренот играјќи за бразилската репрезентација и веднаш остави свој белег на натпреварот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Нејмар долго беше отсутен од „селесао“ поради повреда што ја доживеа во октомври 2023 година, кога ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото. Карло Анчелоти го врати назад во тимот, сакајќи од него да внесе искуство и разлика. Играше 15 минути, а времето ќе покаже дали ќе биде потребен и за следните фази на натпреварувањето.

Нејмар за Бразил, без оглед на времето поминато на теренот, носи огромно влијание. Тоа го потврдува статистиката. Опта издвои два параметри кои го демонстрираат тоа.

Создавање шанси

Во само 15 минути на теренот против Шкотска, Нејмар успеа да создаде три шанси. Од 2006 година, ниту еден играч кој влегол со замена на Светски првенства не успеал да создаде толку шанси. Пред него тоа му успеа на Рикардињо, кој истото го постигна против Гана во 2006 година, влегувајќи во 83-та минута.

Честа жртва на фаули

Иако многу фудбалски фанови сметаат дека Нејмар често глуми фаули, вистина е дека е најчестата цел на противникот.

Понекогаш грубата игра против него е тактика за спречување на неговите магични потези. Откако почна да игра на Светски првенства од 2014 година, никој немал повеќе фаулови врз себе од него. Нејмар е фаулиран 61 пат, а неговите противници добиле 13 картони за груба игра против него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голема размена во НБА: Ламело Бол има нов клуб!

Најсилната кошаркарска лига на светот ја потресе значајна вест за трансфер. Еден од најдин…