Дома Фудбал ФИФА во текот на Мундијалот ќе менува правило?

ФИФА во текот на Мундијалот ќе менува правило?

ФИФА ја разгледува можноста за измена на правилата за изведување на пенали, дури и на сред Светското првенство, со цел да се обезбеди праведност при шутирањето. Според информациите на The Times, главната фудбалска организација се стреми да спречи една екипа да добие двојна предност, односно право на прв удар и избор на страната на теренот пред своите навивачи.

Што треба да се измени?

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според досегашните правила, пред почетокот на пеналите, судијата два пати фрла паричка. Со првото фрлање се определува која екипа ќе шутира прва, а второто носи одлука на кој гол ќе се изведуваат пеналите.

Предлогот на ФИФА е да се воведе само едно фрлање на паричка. Победникот би имал право на избор: дали неговата екипа ќе шутира прва или ќе го избере делот на теренот за изведување. Екипата која ќе загуби при фрлањето ќе ја добие преостанатата опција.

Целта е поголема психолошка рамнотежа

Во ФИФА веруваат дека ваквиот модел би бил пофер, отстранувајќи ја можноста една репрезентација да добие две значајни психолошки предности. Во ситуации каде што победникот се одлучува на детали, првиот удар и поддршката од трибините можат значително да влијаат на изведувачите.

Дискусијата повторно се отвори по неодамнешното финале на Лигата на шампионите, каде што Арсенал против ПСЖ ги загуби двете фрлања на паричката, давајќи им двојна предност на Французите. Како пример се наведува и финалето на Светското првенство 2022 година, каде што Франција имаше предност да шутира прва против Аргентина, но пеналите се изведуваа пред мнозинството аргентински навивачи. Аргентина ја освои титулата.

Необичен потег на среде турнир

Промената на правилата среде голем натпревар би претставувала преседан. Меѓутоа, ФИФА очигледно смета дека прашањето е доволно значајно за да бара итно дејствување пред почетокот на натпреварите на елиминација, каде многу е веројатно дека ќе има продолженија и пенали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус и Комо сакаат да го вратат Тео Ернандес во Серија “А”

Францускиот репрезентативец Тео Ернандес може да се врати во Серија “А” само п…