
Лео Меси блеска на почетокот на Мундијалот, предводејќи ја Аргентина со пет погодоци досега. Последните два гола ги забележа во победата против Австралија со 2:0, со што стана најдобриот стрелец во историјата на ова натпреварување.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Го надмина легендарниот германски фудбалер Мирослав Клосе, како и вкупниот резултат на Марта од 17 голови, со што застана сам на врвот на вечната листа.
Поранешниот фудбалер Златан Ибрахимовиќ изјави дека нема дилеми кој е најдобар.
“Мислам дека веќе нема расправија. Кога ќе станете најдобар стрелец во историјата на Светскиот куп, ќе го освоите, и ќе доминирате преку различни генерации и продолжувате да го правите тоа со 38 години, што повеќе луѓето би сакале?”
Поранешниот напаѓач на Милан, ПСЖ и Барселона смета дека константноста на Меси е неприкосновена.
“Со години го споредуваме со сите други, но дури ниту големите играчи пред него не можат да се споредат со неговата целосна кариера. Пеле, Марадона, Кројф, кој и да го наведете, сите беа извонредни, но бројките на Меси, неговата долговечност и трофеите го ставаат во посебна категорија”.
Искажувајќи го својот коментар за ова Светско првенство.
“Пет голови во две натпревари… Јас имам нула голови на два Светски првенства. Затоа сум среќен поради него и се надевам дека ќе продолжи. Неговиот роденден е за неколку дена, па нека ужива, бидејќи сите ние уживаме гледајќи го како игра. Неверојатно, едноставно неверојатно, без зборови”.