Дома Фудбал Овој Мундијал може да биде најефикасен досега, причина е топката!

Овој Мундијал може да биде најефикасен досега, причина е топката!

Светското првенство во фудбал започна со 121 гол во првите 40 натпревари, што е скоро четвртина повеќе отколку во иста фаза од претходниот турнир. Една од причините за ова може да биде топката создадена од ФИФА.

Според ФИФА, топката е дизајнирана со длабоки шевови за да обезбеди “оптимална стабилност во лет”. Меѓутоа, играчите и тренерите забележуваат дека топката лета со голема брзина кон голманите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Австрискиот селектор Ралф Рангник забележа:

“Оваа топка е брза како проектил. Сигурен сум дека видовте денес и претходните денови, ако ја удрите на вистинското место, станува многу тешко за одбрана”.

Поголемата продуктивност во головите е резултат и на подолгите натпревари поради продолжувањето на времето за компензирање, што е новост на ова првенство. Дополнителен фактор е и проширениот формат со 48 репрезентации, што донесе поголема разлика во квалитет меѓу учесниците и создаде повеќе простор за убедливи победи.

Во првите 40 натпревари се постигнати 121 гол, со просек од точно три по натпревар. Регистрирани се само три меча без голови, а осум од головите беа автоголови.

Ако овој ритам продолжи, турнирот може да го надмине рекордот од Катар 2022, кога на 64 меча беа постигнати 172 гола. Сегашниот темпо за ист број натпревари води кон скоро 194 погодоци.

Повеќе од половина од досегашните голови ги постигнаа играчи од трите најсилни европски лиги, Англија, Германија и Шпанија, при што води Премиер лигата. Особено се издвои мечот меѓу Холандија и Шведска, завршен со резултат 5:1, каде сите шест гола ги дадоа играчи кои настапуваа во Премиер лигата сезоната 2025/26.

Бразилецот Габриел Мартинели од Арсенал изјави:

“Мислам дека Премиер лигата е поинтензивна од ова Светско првенство, но ова сепак е многу убав Мундијал, со квалитетни и интензивни натпревари”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА не простува: Исфрли коментатор од Мундијалот!

Светското првенство досега ни донесе еден скандал кој не се случи на теренот, туку во коме…