Дома Фудбал Историскиот бод на Курасао е од огромно значење и за Босна и Херцеговина, a еве и зошто! (Видео)

Историскиот бод на Курасао е од огромно значење и за Босна и Херцеговина, a еве и зошто! (Видео)

Курасао утрово успеа да направи нешто што многумина мислеа дека е невозможно, а тоа е да го освои првиот историски бод на Светското првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, по поразот со дури 7:1 од Германија на отворањето на Мундијалот, Курасао утрово играше против Еквадор.

Најмногу благодарение на голманот Елој Рум, Курасао успеа да го освои првиот бод во историјата на Светското првенство.

Српскиот зет правеше чуда на голот на Курасао, и натпреварот на крај заврши нерешено со 1:1, што се смета за едно од најголемите изненадувања досега.

Интересно е што бодот на Курасао многу значи и за Босна и Херцеговина, на која сега патот кон 1/16 финалето на Светското првенство е уште повеќе отворен.

Имено, ако Босна и Херцеговина во среда оствари победа против Катар, ќе има четири бода и ќе се пласира во следната фаза на натпреварувањето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл одби голема понуда за Тонали

Њукасл ја одбил понудата од 80 милиони фунти од Тотенхем за Сандро Тонали, пренесува ̶…