
Лионел Меси, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, го обележа првото коло од Светското првенство во Северна Америка со хет-трик во победата на Аргентина од 3-0 против Алжир пред два дена, но јавноста привлече и неговите солзи за време на натпреварот. Подоцна се појави информација дека солзите биле поврзани со тешката здравствена состојба на неговиот татко Хорхе (68).
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Додека се чекаше официјална потврда од семејството, аргентинската водителка Флоренсија Пења во емисијата „Ел Шоу дел Верано“ на Луз ТВ изнесе неточна тврдња дека таткото на Меси починал, додавајќи дека Меси поради тоа ќе мора да го напушти натпреварувањето. Со тоа настана вистински скандал…
„Не сакам да носам лоши вести, но таткото на Меси штотуку починал.”
Во својата објава во етерот, Пења додаде:
„Среде Светското првенство, Меси ќе мора да замине.”