Дома Фудбал Неjмар нема да игра и во вториот меч на Бразил

Неjмар нема да игра и во вториот меч на Бразил

Повредениот Неjмар нема да учествува и во вториот натпревар на Бразил од Групата „C“ против Хаити.

Напаѓачот ќе продолжи со подготовките во Њу Џерси, додека неговите соиграчи ќе играат на стадионот во Филаделфија.

Иако неодамна продолжи делумно со тренинзи со соиграчите, тој ќе го пропушти и вториот натпревар на тимот од групата, кој е закажан во 2:30 часот по македонско време во ноќта помеѓу петок и сабота.

Целта е тој да достигне што е можно подобра физичка форма за последниот натпревар од групната фаза против Шкотска во ноќта помеѓу 24 и 25 јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Покетино: „Време е за Хари Кејн“ – Англичанецот ја заслужува Златната топка

Маурицио Покетино смета дека Хари Кејн заслужува да ја освои престижната „Златна топка“, и…