Дома Фудбал Баерн Минхен договори ѕвезда на Мароко за 55 милиони евра (Фото)

Баерн Минхен договори ѕвезда на Мароко за 55 милиони евра (Фото)

Германскиот гигант Баерн Минхен го договори трансферот на мароканскиот репрезентативец Исмаел Саибари од ПСВ за сума од 55 милиони евра, пренесуваат повеќе извори блиски до преговорите.

По информациите кои се појавија пред две недели, Баерн сега успеал целосно да го финализира договорот со холандскиот клуб, а Саибари наскоро ќе ги мине задолжителните лекарски прегледи во САД пред официјално да биде претставен како ново засилување на баварскиот гигант.

23-годишниот офанзивен играч за врска беше еден од најдобрите фудбалери на ПСВ во изминатите сезони, привлекувајќи внимание со своите настапи во холандското првенство и европските натпреварувања. Неговата способност да игра на повеќе позиции во средниот ред и нападот беше една од главните причини поради кои Баерн реши да инвестира значителна сума за негов ангажман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Потресно признание на млад фудбалер: „Таа беше љубовта на мојот живот, не сакам да продолжам со животот…“

Младиот фудбалер на Ајакс, Марк Веркајл, за прв пат јавно проговори за најголемата трагеди…