Дома Фудбал ВАР судијата од натпреварот Германија – Курасао се најде под истрага!

ВАР судијата од натпреварот Германија – Курасао се најде под истрага!

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) започна истрага против ВАР судијата за време на натпреварот меѓу Германија и Курасао на Светското првенство, откако во живо преносот тој покажа расистички симбол.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пред почетокот на натпреварот, во телевизискиот пренос се прикажа просторијата за ВАР каде што беа тројца судии со задача да позираат неколку секунди додека се прикажуваат нивните имиња на екранот.

Во моментот кога камерата ја прикажа внатрешноста на ВАР просторијата, Австралиецот Шон Еванс со десната рака направи изопачен гест “ОК”, кој се поврзува со групи што промовираат расна надмоќ.

Иако симболот “ОК” се користи обично за потврдување и е популарен емотикон, неговото прикажување на начин како што тоа го направи Еванс под појасот се смета за расистички чин.

Со оглед на тоа што ФИФА нема толеранција кон расизмот, постои можност 38-годишниот Еванс да биде исклучен од турнирот доколку се докаже дека навистина сакал да покаже симбол на расна надмоќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси ќе се натпреварува со Манчестер Сити за потпис на напаѓач кој постигна 31 гол

Челси во потрага по млад напаѓачки талент изгледа дека нашол нов интересен кандидат, при ш…