Дома Фудбал Чудо од дете на Светското првенство веќе на радарот на Барселона

Чудо од дете на Светското првенство веќе на радарот на Барселона

Младиот дефанзивац Лукaс Херингтoн ја напиша историјата на австралискиот фудбал, бидејќи на Светското првенство ќе стане најмладиот играч што некогаш настапил за репрезентацијата на Австралија на Мундијалот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Талентираниот стопер привлече внимание на многу европски клубови, и меѓу заинтересираните, според пишувањата на медиумите, се наоѓа и Барселона.

Барселона наводно внимателно го следи развојот на младиот Австралијанец по одличните настапи во дресот на Колорадо Рапидс. Херингтoн пристигна во јануари оваа година во МЛС од Бризбен и за кратко време се промовираше во еден од најперспективните млади стопери на американското првенство.

Момчето од Квинсленд ги импресионираше извидувачките служби со своите физички предиспозиции, сигурноста во дуелите и зрелоста во играта, па не е чудно што веќе е поврзан со европските великани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѓоковиќ ја крена тениската планета на нозе: Една објава од Новак беше доволна за да предизвика еуфорија! (ФОТО)

Уште две недели останаа до стартот на Вимблдон, а Новак Ѓоковиќ го најави своето учество н…