Дома Фудбал Нејмар ќе пропушти повеќе од еден меч на СП!

Нејмар ќе пропушти повеќе од еден меч на СП!

Бразилската репрезентација доби лоши вести пред продолжението на Светското првенство, бидејќи Нејмар поради повреда на листот ќе ја пропушти целата групна фаза на такмичењето. Напаѓачот на Сантос и еден од најискусните играчи на „кариоките“ сè уште не успеа да се опорави од повредата од втор степен, поради која веќе неколку недели тренира по посебна програма. 

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лекарскиот тим на Бразил процени дека Нејмар не е подготвен за настапи во група Ц, па селекторот Карло Анчелоти нема да може да смета на него во дуелите од првата фаза на турнирот. Се очекува дека неговото враќање на теренот може да се случи само доколку Бразил обезбеди пласман во нокаут рундата. 

Нејмар ја доби повредата уште при настапите за Сантос, а дополнителните прегледи покажаа дека проблемот е посериозен отколку што се мислеше на почетокот. Поради тоа, тој ги пропушти подготовките на репрезентацијата, а опоравувањето трае подолго од првичните прогнози. 

Иако неговото отсуство претставува голем удар за Бразил, стручниот штаб верува дека тимот има доволно квалитет да ја мине групната фаза успешно без најголемата ѕвезда и да го дочека евентуалното враќање на Нејмар во завршницата на Мундијалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рангник повторно не се договори со Милан

Селекторот на Австрија Ралф Рангник најверојатно ќе ја задржи својата позиција на чело на …