Дома Фудбал Саудиски тимови му нудат договор од соништата: Рафиња бира меѓу плата од која „боли глава“ и љубовта кон Барселона

Саудиски тимови му нудат договор од соништата: Рафиња бира меѓу плата од која „боли глава“ и љубовта кон Барселона

Саудиските клубови наводно се обидуваат да ја доведат ѕвездата на Барселона, Рафиња, нудејќи му дури четирипати поголема плата од сегашната. Според шпанскиот спортски лист Мундо Депортиво, два саудиски клуба – Ал-Наср и Ал-Хилал – се во потрага по 29-годишниот Бразилец.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според извештаите, нето платата на Рафиња би скокнала од 12 на дури 48 милиони евра годишно. Зад двата заинтересирани клуба стои саудискиот државен инвестициски фонд (ПИФ) кој се надева дека со доведувањето на ѕвезда од калиброт на Рафиња ќе го подигне угледот на лигата. За да го осигурат трансферот, Саудиците наводно се подготвени да и понудат на Барселона отштета од 80 милиони евра.

Рафиња призна дека сериозно размислувал за преминување во Саудиска Арабија во летото 2024 година, пред да биде именуван Ханси Флик како главен тренер на Барселона. Бразилското крило било спремно да ја прифати понудата, но Германецот го уверил да остане.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Стефан Ристовски прави трансфер во Србија?

Македонскиот фудбалер Стефан Ристовски е на чекор до нов трансфер, а според информациите о…