
Шпанскиот гигант Барселона се соочува со нов предизвик поврзан со реконструкцијата на својот легендарен стадион. Според информациите на шпанска „Марка“, клубот во моментов нема доволно финансиски средства за целосно завршување на проектот за реновирањето на „Спотифај Камп Ноу“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Медиумот наведува дека претседателот на клубот, Жоан Лапорта, наскоро ќе побара одобрение од членовите на клубот за проширување на првичниот финансиски пакет вреден 1,4 милијарди евра, со цел да се обезбедат дополнителни средства потребни за финализирање на градежните работи.
Реконструкцијата на стадионот е еден од најголемите и најамбициозни проекти во историјата на Барселона. Новиот „Камп Ноу“ треба да стане еден од најмодерните фудбалски објекти во светот, но трошоците за изградбата постојано растат, што создава дополнителен притисок врз клупските финансии.