Дома Фудбал Хрватска го има најгрдиот дрес на Мундијалот, ова е цела листа

Хрватска го има најгрдиот дрес на Мундијалот, ова е цела листа

Угледното спортско списание „Атлетик“ објави ранг-листа на дресови на сите 48 репрезентации учеснички на Светското првенство пред неговото започнување. Дресовите беа подредени од најубави до најгрдите, а хрватските навивачи нема да бидат задоволни бидејќи дресот на хрватската репрезентација е на самото дно, на 48. место. Целиот список можете да го погледнете ТУКА.

Критики за дресот на Хрватска

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Атлетик“ за секоја репрезентација даде кратко објаснување, а американскиот медиум смета дека „Најк“ овој пат направил грешка.

БиХ со подобар резултат, но ништо спектакуларно

Второто место на листата на најлошо оценети дресови го зазеде Канада, една од земјите домаќини. САД се на 26-то место, додека Мексико, третиот домаќин, се пласираше значително повисоко и се најде на 17-то место.

Од репрезентациите од регионот, Босна и Херцеговина се најде на 31-то место. Атлетик за дресот на БиХ од Келме напиша дека е изненадувачки солиден, иако оваа марка не се поврзува со елегантен дизајн.

Гана на врвот на листата

Најубавиот дрес на првенството е прогласен за оној на репрезентацијата на Гана. Атлетик особено го пофали дизајнот инспириран од кенто, традиционален гансен рачно ткаен плат.

Веднаш зад Гана се наоѓаат Бразил, Англија и Германија, чии дресови се опишани како исклучително успешни комбинации на традицијата, ретро елементи и препознатлив национален идентитет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мундијалот и останатите најголеми спортски настани во иднина ќе ги слушаме на македонски јазик! (Видео)

Пред љубителите на спортот во Македонија од денеска е достапен нов телевизиски проект, отк…