Дома Фудбал Јамал за првпат откри, завојот на раката кој го носи секогаш е поради легенда на Реал Мадрид!

Јамал за првпат откри, завојот на раката кој го носи секогаш е поради легенда на Реал Мадрид!

Ѕвездата на Барселона, Ламин Јамал, конечно го реши мистеријата за завојот што постојано го носи на раката. Јамал кој во моментов се подготвува со шпанската репрезентација за Светското првенство 2026-та, откри дека сè започнало со несреќа додека играл видеоигри, а продолжило како чест на легендата на Реал Мадрид, Карим Бензема.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Јамал е еден од најпознатите фудбалери во светскиот фудбал, но многумина се прашуваа зошто постојано истрчува на теренот со дебел завој на раката. Во едно искрено интервју на неговиот YouTube канал, талентираниот фудбалер од Ла Масија објасни како сè започнало со една болна несреќа.

“Завој сум ставил бидејќи еднаш, додека играв Плејстејшн, удрив во телевизорот и ги скршив прстите. Беа многу отечени”, призна Јамал. Тој објасни дека откако отокот се смирил, одлучил да го задржи завојот како чест на поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, .

“Оттогаш ги преврзувам, а завојот навистина добро ми стои, како да сум Бензема. Се шегувавме на сметка на и завојот го зачував. Мислам дека изгледа фантастично и затоа го носам и понатаму.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид бара одземање титули на Барселона и исклучување од УЕФА!

Реал Мадрид од Европската фудбалска федерација (УЕФА) бара одземање на трофеите поради слу…