Дома Фудбал Ќе може ли Ериксен да продолжи да игра фудбал? Еве што вели докторот

Ќе може ли Ериксен да продолжи да игра фудбал? Еве што вели докторот

По драматичните моменти на натпреварот помеѓу Данска и Украина, Кристијан Ерксен наскоро треба да ја напушти болницата. Познатиот доктор Кристијан Ланге верува дека фудбалерот може да продолжи со спортскиот живот и во иднина.

Докторот од Одделот за кардиологија во болницата „Амагер“ во Копенхаген е уверен дека имплантираниот дефибрилатор кај Ерксен ја извршува својата задача како што треба.

„Дефибрилаторот реагираше и го направи тоа за што е наменет. Изминаа пет години од претходниот срцев напад. Тренираше, играше и се чувствуваше одлично. Во животот имаше два инцидента, и тоа за време на фудбалски натпревари, но освен тоа немаше никакви проблеми. Можеме да видиме дека уредот функционира и дека нема опасност по неговиот живот. Верувам дека ризикот е минимален, бидејќи уредот работи правилно и така би требало да биде и во иднина,“ изјави докторот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Бомба“: Конте може да заврши во Истанбул!

Фенербахче активно бара нов тренер, а еден од водечките кандидати за улогата на главен стр…