
Ако сте гледале фудбалски натпревари од САД и во одреден момент сте помислиле дека преносот изгледа поинаку од она на што сте навикнати во Европа, не сте си замислувале. Сликата навистина често остава поинаков впечаток, а причината не е само субјективно чувство на гледачите.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Причина е начинот на кој натпреварите од Америка изгледаат на телевизија е последица на комбинација од технолошко наследство, продукциски стил и самите стадиони на кои се игра.
Првата причина се крие во историјата на телевизиското емитување. Европа со децении беше врзана за системот од 50 Hz, додека американската телевизија се развиваше според NTSC стандардот, поврзан со фреквенција од 60 Hz. Иако денес повеќе не се зборува за PAL и NTSC на ист начин како некогаш, разликата меѓу „50“ и „60“ сè уште постои во продукцијата и емитувањето на спортските преноси.
Кога сигналот од САД се приспособува за европските телевизори и платформи, таа конверзија може да го промени доживувањето на движењето. Понекогаш се забележува благо „сецкање“, поинаков ефект на заматување или едноставно слика која на европското око му изгледа малку „поамерикански“.
Боите се поинтензивни, а сликата поагресивна
Вториот важен елемент се боите. Американските спортски преноси често ставаат акцент на контрастот, заситеноста на боите и целокупната визуелна динамика. Поради тоа тревникот често изгледа исклучително зелен, дресовите делуваат посветли и поостри, а целата слика има посилен, речиси рекламeн изглед.
Европските фудбалски преноси најчесто се визуелно посмирени, поприродни и помалку агресивни. Токму затоа разликата станува очигледна веднаш штом се гледа натпревар од САД, особено кога ќе се спореди со преносите од најголемите европски лиги.
Стадионите го менуваат впечатокот од играта
Можеби и најважната причина се крие во стадионите. Голем дел од фудбалот во САД се игра на објекти кои првенствено биле изградени за американски фудбал, а не за фудбал каков што се игра во Европа.
Тоа влијае и на позицијата на главните камери. Тие често се поставени повисоко и под пострмeн агол отколку на европските фудбалски стадиони. Последицата е кадар во кој теренот изгледа посплескано, играчите делуваат помали, а длабочината на играта изгледа сосема поинаку.
Затоа фудбалот од САД на телевизија често изгледа необично, дури и кога продукцијата е технички квалитетна. Не станува збор за грешка во преносот, туку за спој на различни телевизиски традиции, продукциски одлуки и стадионска архитектура.