Дома Фудбал Каков хит: Босанците среде САД си донесоа огромно ѓезве за кафе! (Видео)

Каков хит: Босанците среде САД си донесоа огромно ѓезве за кафе! (Видео)

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина го заврши подготовниот период за Светското првенство 2026 со натпревар против Панама во Сент Луис (1:1), но резултатот стана спореден во однос на интересниот потег на нивните фанови, кој го привлече вниманието во САД.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Босанците се во голем број во Америка за да ја поддржат својата репрезентација, која обезбеди пласман на Мундијалот по елиминирањето на Италија на пенали во баражот. Атмосферата во Сент Луис беше извонредна, додека поддршката од трибините укажува на тоа дека репрезентацијата ќе има силна поддршка и за време на самиот турнир.

Сепак, најголемото внимание пред натпреварот го привлече еден необичен навивачки реквизит – џиновско ѓезве за кафе, кое фановите го донесоа во САД.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо бесен поради одлуката на Реал: Протекоа детали од разговорот што го потресе Мадрид!

Според наводите од тамошните извори, португалскиот стручњак не е задоволен од текот на нас…