Дома Фудбал ФИФА донесе уште една забрана пред Светското првенство!

ФИФА донесе уште една забрана пред Светското првенство!

Светското првенство кое оваа година се одржува во САД, Канада и Мексико, стартува следната недела.

ФИФА ја објави новата регулатива за однесување која ќе важи за претстојниот Мундијал.

Меѓу првите работи што се забележуваат е дека оваа година е забранета употребата на вувузели.

Овие пластични труби предизвикуваат интензивна бучава која може да биде на ниво на здравствена опасност, па така се отстранети од списокот на дозволени реквизити.

И на други натпреварувања вувузелите беа забранети откако играчите се пожалија дека досадната бучава од трибините им пречи во играта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нов удар за Илиќ: Оди на операција, Србија останува без него

Повредата против Болоња бара хируршки зафат. Иван Илиќ ќе биде опериран во Финска, а Пауно…