
Антонио Рудигер останува во Реал Мадрид уште една сезона. Иако „кралскиот клуб“ тоа сè уште не го објавил официјално, германскиот дефанзивец ќе го продолжи договорот, за што веќе извести AS. Тоа може да се насети и од интернет страницата на Реал, каде што Рудигер и понатаму е наведен меѓу играчите, за разлика од Алаба и Карвахал кои се отстранети од списокот, пишува AS.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Дефанзивецот моментално е со германската репрезентација на подготовки за Светското првенство, а во интервју за британскиот The Guardian зборуваше за тежината на последните две сезони. „Може да се случи да поминат две години без освоена титула, но тоа не би требало да стане нормално.”
На крајот, Рудигер зборуваше за тоа како тимот треба да се постави за повторно да победува во натпреварите. „Треба само да се преземат соодветни мерки и да бидеме искрени со себе, да ги извлечеме вистинските заклучоци и да продолжиме понатаму уште една година. Многу едноставно. Што сакате да правиме? На крајот на денот и понатаму да плачеме поради претходните сезони? Не. Ќе извадиме вистински заклучоци и ќе продолжиме понатаму, затоа што она што сега се губи, не може да се врати“, заклучи тој.