Дома Фудбал Египет го објави списокот за Мундијалот, селекторот направи едно големо изненадување!

Египет го објави списокот за Мундијалот, селекторот направи едно големо изненадување!

Тренерот на египетската репрезентација, Хосам Хасан, го претстави списокот на играчи за Светското првенство годинава, но еден потег остана мистерија за сите.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Мохамед Салах, како што се очекуваше, е на чело на конечниот состав на Египет за ова првенство.

Најголемиот дел од изборите беа очекувани, но два избора беа изненадувачки, а еден особено сите ги затекна.

Тренерот на Египет одлучи да го вклучи младиот напаѓач Хамза Абдел Карим.

Нападот на Светското првенство ќе биде предводен од напаѓачот на Манчестер Сити, Омар Мармуш.

Она што ги изненади сите и никој не го очекуваше беше дека селекторот одлучи да однесе четири голмани на првенството.

Многумина сметаат дека со оваа одлука селекторот на Египет само си го намалил просторот за маневрирање во остатокот од тимот, особено бидејќи во напад зема само двајца играчи.

Составот на Египет за Светското првенство:

Голмани: Мохамед Ел-Шенауи, Мостафа Шобеир, Ел-Махди Солиман, Мохамед Алаа

Одбрана: Мохамед Абделмонем, Мохамед Хани, Јасер Ибрахим, Хосам Абделмагид, Ахмед Фатух, Тарек Алаа, Рами Рабиа, Хамди Фати, Карим Хафез

Среден ред: Мохамед Салах, Марван Атија, Ахмед Мостафа „Зизо“, Махмуд Хасан „Трезеге“, Емам Ашур, Мостафа Абдел Раоуф, Моханад Лашин, Хаитхам Хасан, Махмуд Сабер, Ибрахим Адел, Набил Емад

Напад: Омар Мармуш, Хамза Абдел Карим

Египет го започнува своето учество на Мундијалот со натпревар против Белгија на 15 јуни во Сиетл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо подготвува голема реконструкција на Реал Мадрид

Жозе Мурињо сè поизвесно се враќа на клупата на Реал Мадрид, а шпанските медиуми веќе откр…