Дома Останати Ракомет Охрид ја закажа прославата за трофејот во ЕХФ купот, еве каде и кога!

Охрид ја закажа прославата за трофејот во ЕХФ купот, еве каде и кога!

Ракометарите на Охрид испишаа историја освојувајќи го трофејот во ЕХФ Европскиот куп и така ја продолжија македонската доминација во ова натпреварување, откако минатата сезона шампион беше Алкалоид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По големото славје по финалниот натпревар, од клубот денеска ги објавија деталите за централната прослава на европскиот успех. Навивачите ќе имаат можност да ги поздрават новите европски шампиони на градскиот плоштад во Охрид, каде што е закажан свечениот пречек.

Прославата ќе започне во 19 часот, додека пристигнувањето на ракометарите е најавено за 20 часот.

„Прославата започнува вечерва во 19 часот на градскиот плоштад, а во 20 часот ќе ги пречекаме шампионите на ЕХФ Европскиот куп“, порачаа од клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Македонска голманка се откажа од ракометот на 20 години: Понекогаш не одлучуваат само квалитетот, работата и желбата…

Македонската ракометна голманка Матеа Чурлиновска, иако има само 20 години, преку емотивна…