
Фудбалерите на ПСЖ го одбранија европското првенство откако во финалето го совладаа Арсенал по пенали со 4:3. Натпреварот заврши со 1:1 по 120 минути, при што голови постигнаа Каи Хаверц за Арсенал во шестата минута и Усман Дембеле од пенал во 65. минута за ПСЖ. Ова е вториот наслов на првак за парискиот клуб, кој го освоија по потешкиот пат во споредба со лани, кога убедливо го совладаа Интер со 5:0.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Иако Дембеле, актуелниот добитник на Златна топка, го постигна голот, а неговиот соиграч Витиниа ја доби наградата за играч на натпреварот, сенката повторно паѓа на еден од најзаслужните за европскиот успех. Тоа е Хвича Кварацхелија, кој изнуди пеналот од кој ПСЖ дојде до изедначувањето.
Големата заслуга на овој грузиски играч за успехот на париската екипа не му избега на легендарниот италијански фудбалер Алесандро Дел Пјеро. “Да не се смета Светското првенство, Кварацхелија би ја освоил Златната топка. Никој не беше толку клучен со своите голови, асистенции и вкупното влијание врз играта”, изјави Дел Пјеро за Sky Sports.
Грузиецот оваа сезона во 48 натпревари постигна 19 голови и запиша 11 асистенции. Во ПСЖ дојде во јануари минатата година од Наполи за 80 милиони евра.