Дома Фудбал Анчелоти за првпат се огласи за ситуацијата на Нејмар по повредата!

Анчелоти за првпат се огласи за ситуацијата на Нејмар по повредата!

Повредениот Нејмар (34) сигурно ќе учествува на Светското првенство, уверува селекторот на репрезентацијата на Бразил, Карло Анчелоти (66). Додека некогашниот лидер на националниот тим се опоравува од сложеното оштетување на мускулот, италијанскиот тренер истакнува дека нема да се менува составот и звездата од Сантос ќе остане на списокот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


“Пред да го објавиме списокот, добивме известување од Сантос дека играчот има помал проблем. Го повикавме затоа што стручниот штаб смета дека заслужува да биде вклучен”, изјави Анчелоти на прес-конференција во саботата.

“Веруваме дека ќе се опорави и ќе биде подготвен што е можно поскоро. Добро работи и многу е мотивиран. Може да биде спремен и, да бидам јасен, ќе остане со нас сè додека не се врати и не биде на располагање. Убедени сме дека може да биде подготвен за првиот натпревар, или за вториот. Нема дилеми дека нема да промениме никого. Овие 26-мина се нашиот избор”, додаде Италијанецот.

Пред објавувањето на списокот нагласи дека ќе повика само физички целосно подготвени играчи, а потоа го вклучи играчот кој со години не може да игра во континуитет поради повреди.

“Реков дека играчите треба да бидат 100 отсто физички подготвени, но уште во март истакнав дека можно е да повикам некој кој во моментот не е на 100 проценти, но ќе биде како што Светското првенство ќе напредува. За жал, Едер Милитао и Естевео не можат да бидат целосно подготвени, но Нејмар може.”

Нејмар во петокот се појави на теренот, но само за да го посматра тренингот, без учество во работата на тимот.

Анчелоти при споменувањето на Сантос, некои го доживеаја како коментар кон клубот на Нејмар, кој беше обвинет дека ја скривал тежината на повредата донесена во репрезентацијата. Сепак, Италијанецот не сакаше да влегува во полемики, туку се фокусираше на најважното што претстои – патувањето во Њу Џерси на 1 јуни за завршницата на подготовките за Мундијалот кој почнува на 11 јуни. Пред тоа, неговиот тим ќе игра против Панама на 31 мај на Маракана, а на 6 јуни во Кливленд.

Бразил ќе го игра првиот натпревар на 13 јуни против Мароко, а ден пред тоа ќе имаат последна можност да направат промени во составот. Тогаш ќе биде донесена дефинитивна одлука за настапот на Нејмар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѕвездите на Арсенал се уште во солзи, а веќе пристигна сериозна провокација од лутиот ривал (Фото)

Фудбалерите на Арсенал не успеаја да го остварат својот голем сон и да освојат титула прва…