
Фудбалската репрезентација на Македонија денеска со почеток од 20:30 часот на стадионот во Кошево го игра натпреварот против Босна и Херцеговина кој е прв од двата пријателски дуели кои ќе ги одиграме во овој репрезентативен прозорец.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
За домаќините дуелот е дел од подготовките за Светското првенство, а Седлоски пак ќе ги тестира силите за предизвиците кои ќе следат.
Во составот на Македонија има и пет дебитанти, па се очекува некој од нив да добие шанса. Шанса за деби во националниот дрес ќе имаат: Азер Омерагиќ, Дарко Додев, Дарко Анѓелески, Дин Аломеровиќ и Давор Талески. Исто така во репрезентацијата се враќа и Агон Елези кој не беше во мартовскиот циклус. Капитенот Енис Барди се појави на собирот меѓутоа поради повредата ќе ги пропушти двата натпревари.
На стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“ се очекува и одлична атмосфера бидејќи е распродаден до последното место.
„Новите фудбалери донесоа свежина во тимот, а добро беа прифатени и од останатите репрезентативци. Повикав повеќе нови играчи и сите ќе добијат шанса да се докажат. Дел од нив ќе стартуваат и на утрешниот натпревар. Елези играше добро во Сараево и заслужено е на списокот. Имаме два натпревари и сигурно ќе добие минутажа. Не е само тој новитет во споредба со мартовскиот циклус. Повикавме играчи и од домашното првенство и од странски лиги. Верувам дека имаат квалитет за националниот тим. Имам неколку варијанти за замена на повредениот Барди, а конечната одлука ќе ја донесам по денешниот тренинг“, изјави Седлоски на вчерашната прес-конференција.
Македонија по денешниот дуел веќе на 1 јуни ќе игра нов натпревар и тоа против Турција во Истанбул.