Дома Фудбал Ова не е видео игра: Второлигаш официјално ќе игра во групната фаза од Лига Европа

Ова не е видео игра: Второлигаш официјално ќе игра во групната фаза од Лига Европа

Неверојатна фудбалска приказна ни пристигнува оваа година од Европа, поточно од Португалија каде екипата Торенсе го освои Купот на Португалија.

Торенсе во финалето, по продолженијата, го совлада гигантот Спортинг со резултат 2:1 и ја испиша историјата на клубот.

Тоа значи дека Торенсе како победник на португалскиот Куп од наредната сезона ќе игра во групната фаза на Лига Европа.

Значи, овој мал клуб од Португалија ќе има минимум осум европски натпревари, нешто што навивачите не го сонуваа ниту во најлудите соништа.

Всушност, тие станаа првиот второлигаш што официјално ќе игра во групната фаза на Лига Европа.

Торенсе во баражот за влез во првата лига беше поразен од Каса Пиа во двомечот со вкупен резултат 2:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трент не планира камбек на „Енфилд“: Ќе се бори за место во Реал

Александер-Арнолд е во втор план кај Мурињо, но засега не размислува за враќање во Ливерпу…