Дома Фудбал Доста беше: Атлетико Мадрид испрати жесток одговор до Барселона поради Алварез

Доста беше: Атлетико Мадрид испрати жесток одговор до Барселона поради Алварез

Откако денес го завршија потпишувањето на Гордон од Њукасл, управата на Барселона сака да заврши уште неколку работи. Својот целосен фокус сега го насочуваат кон доведување на нов напаѓач, а играчот кој кој сите во Барселона го сонуваат е Хулијан Алварез.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Освен Барселона, голем интерес за напаѓачот на Атлетико Мадрид покажаа и Арсенал, како и Париз Сент-Жермен.

Сепак, управата на Барселона денес проба сѐ да забрза и испрати понуда од 90 милиони евра на адреса на Атлетико Мадрид.

Ним им беше јасно кажано дека Алварез не е на продажба, тврдат новинарите на шпанскиот АС повикувајќи се на извори од Атлетико Мадрид.

„Хулијан Алварез не е на продажба. Сме уморни од месеци и месеци лаги, полу-вистини или целосно измислени приказни како тврдењата за купување куќа во Барселона.

Тоа е став на МАЛ клуб. Клубот не примил никаква понуда за играчот ниту бил одржан било каков состанок.

Играчот не е виновен. Однесувањето на Хулијан беше беспрекорно, а ова е надворешен проблем кој не е поврзан со него”, порака е од Атлетико Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Почина човекот поради кого беа воведени картоните на фудбалските натпревари

Поранешниот капитен на аргентинската фудбалска репрезентација, Антонио Ратин, почина во 89…