Дома Фудбал Нова „бомба“ на Барселона: Каталонците се договорија со Хулијан Алварез

Нова „бомба“ на Барселона: Каталонците се договорија со Хулијан Алварез

Барселона реши летово да направи тотален хаос на фудбалскиот пазар! Каталонскиот гигант не планира да запре по првите потези, а во последните 24 часа се појавија информации кои пред неколку дена изгледаа сосема неверојатно.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Првата голема зделка практично е завршена, бидејќи Ентони Гордон веќе стигна во Барселона, каде што го очекуваат лекарски прегледи и завршни формалности пред официјалната промоција. Според наводите на шпанските и англиските медиуми, трансферот ќе ја чини Барселона дури 70 милиони евра фиксно, со дополнителни 10 милиони преку бонуси.

Како што тврди Романо, Барселона веќе постигнала комплетен договор со агентите на Алварез. Усогласени се сите детали од договорот, вклучувајќи плата, провизии и траење на соработката. На аргентинскиот репрезентативец наводно го очекува петгодишен договор, место меѓу најплатените играчи во тимот и улога на главен напаѓач со легендарната „деветка“, која остана слободна по заминувањето на Роберт Левандовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рагник постави услови на челниците на Милан за да ја прифати понудата

Челниците на Милан Џери Кардинале и Златан Ибрахимовиќ отпатуваа во Виена за да преговараа…