
Тимот на Барселона, актуелните шпански шампиони, го завршија првиот мега-трансфер и засилување за следната сезона.
Како што извести познатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо, англискиот фудбалер Ентони Гордон ќе биде нов играч на Барселона.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Досегашниот член на Њукасл за сума од над 80 милиони евра ќе се пресели во Шпанија и ќе потпише долгорочен договор со Каталонците.
Гордон оваа сезона даде шест голови во 26 натпревари од Премиер лигата.
Многу поуспешен беше во Лигата на шампионите, каде постигна десет голови во 12 натпревари. Во ова натпреварување трипати играше против Барселона и успеа да постигне еден гол.
Шпанските медиуми наведуваат дека клучниот потег бил патувањето на спортскиот директор на Барселона, Деко, во Англија. Исто така, раководството на клубот, како и тренерот Ханси Флик, се уверени дека Англичанецот ќе биде засилување со голем потенцијал за клубот.
Следниот потег е нападот, а за Барселона се споменуваат имињата на Жулиан Алварез и Жоао Педро.