
Барселона и Андреас Кристенсен постигнаа договор за нов договор на дефанзивецот. Преговорите траеја неколку месеци, бидејќи проблемот беше што понудата на каталонците вклучуваше значително намалување на сегашната плата на Данецот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
На крајот, двете страни се согласија, и Кристенсен ќе го продолжи својот договор за уште две години.
Според “Мундо Депортиво”, тоа значи дека Барселона можеби нема да инвестира во нов централен одбранбен играч ова лето. Ханзи Флик уште располага со Пау Кубарси, Роналд Араухо и Жерард Мартин, како и со Ерик Гарсија, за кој се тврди дека почесто ќе биде користен како десен бек во текот на следната сезона.
И покрај тоа што Кристенсен малку играше последните две сезони поради повреди, Ханзи Флик сè уште има голема доверба во Данецот, тврди “Мундо Депортиво”. Самиот играч имал сериозна понуда од Саудиска Арабија, но неговиот приоритет беше да остане во Барселона.