Дома Фудбал Гвардиола ќе остане вработен во Сити, одбил 90 милиони евра!

Гвардиола ќе остане вработен во Сити, одбил 90 милиони евра!

Пеп Гвардиола објави дека ќе го напушти Манчестер Сити по завршувањето на сезоната во недела, поттикнувајќи веднаш прашања за тоа каде ќе ја продолжи својата кариера шпанскиот стручњак.

Шпанскиот Sport утрово, пред официјалната потврда на Гвардиола за напуштањето на клубот, ги донесе ексклузивните информации дека до Пеп се обратиле челниците на Фудбалската асоцијација на Саудиска Арабија, нудејќи му, по завршувањето на Светското првенство, да стане селектор на нивната репрезентација.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според написот во Sport, Саудијците беа подготвени да му дадат на Гвардиола неверојатни 90 милиони евра по сезона, вклучувајќи плата и бонуси.

Сепак, Пеп им се заблагодари на Саудијците за понудата, бидејќи сака да се одмори и да се тргне на некое време од терените.

Така, ја прифати понудата на шеикот Мансур бин Зајед Ал Нахјан да остане дел од неговиот тим.

Шеикот Мансур ја поседува компанијата City Football Group под чиј чадор се наоѓаат Манчестер Сити, Мелбурн Сити, Њујорк Сити, Монтевидео Сити Торке, Троа, Ломел, Жирона, Шенжен Пнг Сити, Јокохама Ф. Маринос, Палермо и Баиа.

Пеп во иднина ќе ја извршува улогата на глобален амбасадор на City Football Group, работа која ќе вклучува давање на технички совети за клубовите во групата, а исто така и работа на специфични проекти и соработки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Инсајдер открива колку ќе заработува Модриќ ако остане во Милан

Лука Модриќ (40) во летото 2025 година го напушти Реал Мадрид откако му истече договорот и…