Дома Фудбал Алварез Атлетико може да го напушти само поради еден клуб, откри и поради кој!

Алварез Атлетико може да го напушти само поради еден клуб, откри и поради кој!

Иднината на Хулијан Алварез повторно е во фокусот на шпанските спортски медиуми, поради новите информации кои доаѓаат од неговото опкружување.

Аргентинскиот напаѓач јасно изјавил дека, доколку замине од Атлетико Мадрид, тој би сакал да облече само дрес на Барселона.

Оваа информација ја објави познатиот фудбалски новинар Матео Морето чии објави последните години често се покажаа како проверени кога станува збор за трансфери на големите европски клубови.

Според овие извори, Алварез нема намера да ја напушти Шпанија, затоа што е задоволен од животот и натпреварите во Ла Лига.

Барселона веќе некое време ја следи ситуацијата околу аргентинскиот репрезентативец, а неговите последни пораки уште повеќе ги мотивирале челниците на каталонскиот клуб.

Во Барселона веруваат дека Алварез би бил идеално засилување за иднината и играч околу кој ќе може да се гради нападот во следните сезони.

Неговата способност да игра на повеќе офанзивни позиции особено се цени во каталонскиот гигант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Србите сакаат да го убедат Гаштаров да игра за нив!

Младиот македонски фудбалер Матеј Гаштаров во изминатиот период се најде во центарот на вн…