
Иако неодамна од Атлетико Мадрид порачаа дека Хулијан Алварез не е за продажба, изгледа дека на адресата на шпанскиот клуб пристигна понуда која не можат да ја одбијат.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Алварез пред скоро две години пристигна во Атлетико Мадрид од Манчестер Сити, а „Јорганџиите“ за аргентинскиот напаѓач издвоиле дури 75 милиони евра.
Од Атлетико неодамна порачаа дека воопшто не размислуваат за продажба на Алварез, но шпанските медиуми наведуваат дека ситуацијата се променила бидејќи на адресата на шпанскиот клуб пристигнала понуда која не се одбива.
Понудата не доаѓа од Барселона, туку од ПСЖ, кои, изгледа, одлучиле да направат сè за да го донесат Алварез на лето, бидејќи не е тајна дека екипата на Луис Енрике се соочува со недостаток на вистински напаѓач, имајќи предвид дека Гонсало Рамос не се прославил премногу.
Шпанските медиуми наведуваат дека ситуацијата околу Алварез драстично се променила бидејќи ПСЖ им дал на знаење на челниците на Атлетико дека се подготвени да платат дури 150 милиони евра за Аргентинецот.