
Видеото од емотивната реакција на 34-годишниот Нејмар, откако дозна дека повторно е вклучен во списокот на бразилската репрезентација за Светското првенство, брзо стана светски хит на интернет.
Овој искусен напаѓач, после трите години пауза и неговиот последен настап во 2023 година, официјално се враќа во националниот тим, што предизвика лавина од реакции меѓу навивачите.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Моментот кога беше прочитано неговото име беше сниман од камера, а видеото ја прикажува поранешната ѕвезда на Барселона и Пари Сен Жермен како со голема радост и видливо задоволство го слави овој повик.
За многу љубители на фудбалот, враќањето на легендарниот ас претставуваше најважна вест на денот.
реакцијата на нејмар кога беше повикан за на светското првенство pic.twitter.com/tVnPAUV0Mr
— quintelazwl (@swagsexuality06) 19 мај 2026