Дома Фудбал Шок за Алкараз: Не игра ниту на Вимблдон!

Шок за Алкараз: Не игра ниту на Вимблдон!

Вториот носител на светската тениска листа, Карлос Алкараз, објави дека покрај Ролан Гарос во Париз, ќе го изостави и Вимблдон.

Алкараз е во процес на рехабилитација од повредата на десниот зглоб, која ја доби во април за време на турнирот во Барселона.

Поради повредата, неочекувано го пропушти турнирот во Мадрид и во Рим, нема да се појави ниту на Ролан Гарос што започнува следната недела, а најави и дека нема да настапи на Вимблдон.

“Моето опоравување оди добро и се чувствувам значително подобро, но за жал, сè уште не сум подготвен за настап. Поради тоа, морам да се откажам од сезоната на трева, на Квинс и Вимблдон. Тоа се два многу посебни турнира за мене и многу ќе ми недостасуваат. Работиме напорно за брзо враќање!”, напиша Алкараз на социјалните мрежи.

Првичниот план на Алкараз беше да се врати за игрите на трева, но сега е принуден да го одложи враќањето.

Алкараз поминува низ најдолгиот период на отсуство од терените во досегашната кариера. Ова ќе биде првпат да пропушти два грен-слем турнира поради повреда.

Предходно, најдолгото негово отсуство траеше три месеци – од крајот на сезоната 2022 до почетокот на 2023 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул размислува за разделба со Јереми Фримпонг

Ливерпул би можел да се раздели со Јереми Фримпонг поради слабата дефанзивна игра против М…